Македонија

Нова опрема на детската клиника, малку сонце за пациентите со леукемија

Облечен во блуза со сончоглед, ова детенце, иако болно излезе да се заблагодари на луѓето кои помогнаа да се купат овие апарати и опрема за дијагностика и побрза контрола на тешките болести. Донацијата е организирана од албанската фондација “Ти си сончоглед“ на чело со Албана Османи. Целта беше да се соберат средства за помош на Универзитетската клиника за детски болести. Донацијата се спроведе едноставно преку купување на блуза со сончоглед во износ од 20 евра.

„Официјално денеска фондацијата “Ти и сончоглед“ изјави дека успешно е затворена хуманитарната кампања “Macedonia you are a sunflower” исполнувајќи ги неопходните услови за децата на Онкохематологија. Денеска славиме на земјата, но верувам дека се слави и на небото за овие деца и нивната иднина. Признание до сите вас кои го овозможивте ова“, изјави Османи.

Овој родител на чие дете му е дијагностицирана леукемија, им се заблагодари на сите хумани луѓе кои овозможија купување на оваа опрема која ќе му помогне на неговото синче кое се вика Диели (Сонце). Рамадан вели дека сега Диели ќе зрачи со радост и дека се оптимисти за неговата иднина.

„Јас сум родител како и сите други родители но моја судбина била да бидам со моето дете на овој оддел, одделот за леукемија. На почеток бев песимист но сега секој ден ни се зголемува оптимизмот. Благодарение на “Ти си сончоглед“ денеска мојот Диели зрачи, оздравува, благодарение на помошта што ни ја дадовте и денеска моето срце е стоплено од Сонцето“, изјави Ранадан Салиу.

Донацијата достигна шифра од 62 илјади евра. Со тие пари се купени 10 пумпи за инфузија, 6 монитори, 2 аспиратора, 2 ваги, апарат за екоскенографија и апарат за чистење на одделот на онкологија.

Оваа хуманитарна иницијатива започна во Тирана, продолжи во Приштина, а минатата година и во Скопје. Фондовите почнаа во јули и за 6 месеци се собра потребната сума. Оваа хуманитарна акција ја поддржа и претседателот на Собрание, Талат Џафери кои и додели признание на фондацијата.

РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни