Поради обилни врнежи од снег и засилен ветар, АМСМ соопшти дека е воведена забрана на патниот правец Маврово – Дебар, и тоа во двете насоки.
„Од 16:30 часот поради обилни врнежи од снег и засилен ветер се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар во двата правци.
Од 17:20 часот, пак, се воведе забрана за тешки товарни возила и на превојот „Стража“ меѓу Гостивар и Кичево поради обилни врнежи од снег.