Свет

Сирени за воздушна опасност прекинаа фудбалски натпревар во Украина

Сирени за воздушна опасност прекинаа фудбалски натпревар во Украина

Натпреварот од првото коло од новата фудбалска сезона во Украина меѓу Рух од Лвов и Металист од Харков е прекинат денеска од безбедносни причини кога се огласија сирените за воздушна опасност.

Натпреварот беше прекинат по завршувањето на првото полувреме при резултат 1-1, а и почетокот на дуелот доцнеше поради воздушна опасност поради што играчите на двете екипи извесно време минаа во засолниште.

Фудбалерите на Рух и Металист на теренот излегоа нагрнати со украински знамиња, а пред почетокот на натпреварот истакнаа транспарент на кој пишуваше „Русија е терористичка држава“.

И покрај воената инвазија, Украинците вчера го стартуваа фудбалското првенство, а во премиерниот натпревар Шахтјор Доњецк и Металист 1925 од Харков одиграа без голови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни