Полицијата во Канада во средата го уапси вториот осомничен за нападите со нож во кои загинаа 10 лица, а 18 други беа повредени , објави Ројтерс.
Неколку часа подоцна, сепак, беше објавено дека тој починал во болница. Фаќањето на Мајлс Сандерсон (30) стави крај на хајката што опфати три провинции.
Полицијата соопшти дека тој бил приведен во Ростерн, Саскачеван. Полицијата веќе го обвини за убиство од прв степен, обид за убиство и кражба.
Десет жртви остануваат во болница, од кои три се во критична состојба.
Потсетуваме дека двајцата осомничени за убиствата се браќа. Другиот, Демиен Сандерсон, беше пронајден мртов во понеделникот наутро.
Телото на Мајлс Сандерсон беше пронајдено со рани за кои се верува дека се самонанесени.
Мајлс има долго криминално досие кое вклучува злосторства и против лица и имот. Тој има 59 пресуди, вклучувајќи напад, закани и грабеж. Полицијата ги предупреди граѓаните дека е опасен.
Се истражува дали го убил својот брат.
Канадскиот одбор за условно ослободување во вторникот соопшти дека ќе истражи зошто тој бил предвремено ослободен од затвор додека отслужувал четиригодишна затворска казна за неколку тешки кривични дела.
Во февруари, одборот рече дека тој „нема да претставува опасност надвор“ и дека неговото ослободување „ќе придонесе за заштита на општеството“ со олеснување на неговата рехабилитација.
Сепак, полицијата трага по него од мај, кога престана да се гледа со својата назначена службеничка и беше класифицирана како „незаконски на слобода“.