Францускиот национален антитерористички обвинител покрена обвинение против 12 наводни членови на екстремно десничарска група за заговор за атентат врз францускиот претседател Емануел Макрон во 2018 година.
Ова во средата го објави Франс прес , цитирајќи извори запознаени со истрагата.
Обвиненија се поднесени против 11 мажи и една жена, на возраст од 22 до 62 години.
Според истражителите, „обвинетите биле дел од десничарската радикална група која планирала насилни акции против Макрон во ноември 2018 година“.
Истрагата започна во ноември 2018 година.
Во случајот првично беа обвинети 14 лица, но во текот на истрагата обвинителите одбија да ги разгледаат обвиненијата против две лица.