Балкан

Словенија втора го ратификуваше протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

По Грција како прва земја, денеска на вонредна седница Словенија го ратификуваше протоколот за членство во НАТО на Република Северна Македонија.

На вонредната седница денеска обраќање имаше и претседателот на Собранието, Талат Џафери кој е во официјална посета на Словенија.

Следна земја која треба да гласа за ратификација е Албанија, каде веќе на комисија доби зелено светло, а на седница треба да се најде в четврток.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни