Македонија

Сончево со мала до умерена облачност – температурата до 23 степени

Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната од 17 до 24 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 23 степени.

За време на викендот утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, кој ќе биде позначителен во почетокот на следната седмица. Во понеделник во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, а во вторник ќе биде и нестабилно со повремено пороен дожд и појава на грмежи и засилен ветер. Од мпочетокот на следната седмица ќе биде ветровито со умерен до повремено засилен јужен ветер.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни