Breaking Над 1.000 повици на 112 по силното невреме во Скопје: Паднати кровови, дрвја и оштетени возила
Македонија

Околу 700 илјади Македонци живеат надвор од државата, вели извештајот на ОЕЦД

Околу 700 илјади Македонци живеат надвор од државата, вели извештајот на ОЕЦД

Анита Рихтер, раководител на одделот за Југоисточна Европа на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД на денешната презентација на Извештајот на ОЕЦД „Трудова миграција во Западен Балкан, мапирање на шемите, адресирање на предизвиците и користење на придобивките“ истакна дека околу 700 илјади Македонци или една четвртина од населението денес живее надвор од државата.

Според неа, миграцијата од Македонија во последната деценија се зголемила за пет пати во ЕУ и околу четвртина од работоспособното население си оди од земјата што влијае врз продуктивноста на самата земја.

Таа вели дека големата дијаспора може да донесе значителни ресурси за својата земја на потекло, а додава и дека потенцијалот на дијаспората на Македонија е доста голем и оти околу три проценти од дознаките одат во земјата, но тоа е под просекот во Западен Балкан каде е околу 10 проценти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни