Новата американска амбасадорка во Македонија Ангела Агелер официјално положи заклетва во Стејт департментот.
Ова денеска го соопшти Американската амбасада во земјава.
Инаку, Агелер е дипломатка од кариера, и во Македонија доаѓа од позицијата заменик- амбасадор на САД во Пакистан.
Во својата долга кариера како дел од Стејт департментот, таа работела и како советник за односи со јавност во амбасадата на САД во Париз, а истата позиција ја имала и во амбасадата на САД во Скопје во периодот од 2009 до 2011 година…