Сончево со умерена облачност, а во западните делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.
Минималната темпертура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната од 22 до 28 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност и со умерен јужен ветер.
Минималната темпертура ќе биде околу 12, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Следува период на променливо облачно и потопло време со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер. Во четврток и во сабота попладне ќе има повремен локален дожд и појава на грмежи.