Музика и Филм

Почина раперот Кулио

Американскиот рапер Кулио, познат по иконскиот хит Gangsta’s Paradise, почина на 59-годишна возраст , објави Би-Би-Си.

Неговиот долгогодишен менаџер Џерез Поси за американските медиуми изјавил дека уметникот бил кај пријател и отишол во тоалет, но потоа бил пронајден на подот во беспомошна состојба.

Кулио почна да прави музика во 1980-тите, но го зацврсти своето место во историјата на хип-хопот кога го сними Gangsta’s Paradise во 1995 година.

Се уште не е објавена точната причина за неговата смрт.

Сепак, Пози изјави за ТМЗ дека болничарите веруваат дека раперот доживеал срцев удар.

Кулио, чие вистинско име е Артис Леон Ајви Џуниор, доби Греми за Gangsta’s Paradise , кој беше дел од саундтракот на филмот Dangerous Mind, со Мишел Фајфер во главната улога.

Песната продолжува да добива широка репродукција и штотуку надмина една милијарда стримови на Spotify, според нејзината официјална веб-страница.

Во кариерата долга четири децении, тој сними осум студиски албуми и освои Американска музичка награда и три MTV видео музички награди.

Тој беше активен до неговата смрт – Кулио беше на средина на турнеја со други ѕвезди од 90-тите, вклучувајќи ги Ванила Ајс и Јунг МЦ, а пред само неколку дена тие свиреа концерт во Тексас.

„Преплашена, штотуку слушнав дека мојот добар пријател Кулио почина“, напиша Ванила Ајс на Твитер.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни