Одронот кој се случи вчера на патот Кочани – Делчево во близината на Истибања, за малку ќе завршеше трагично за возач со дете во автомобилот. Очевидци тврдат дека за малку ќе настрадал возачот, кој не ги забележал паднатите карпи, и со возилото летал, но за среќа, завршил добро.
– На патот околу 22:55 часот беше вистински хаос, карпи и ситни камчиња имаше насекаде по патот. Одрон падна врз бел автомобил и го исфрли настрана. Човек со мотор беше исто така исфрлен. Додека траеше застојот, еден возач со бебе во колата возејки не ги виде карпите, помина преку нив и лебдеше во воздух 20 метри – пренесува МИА.
Возачите веднаш алармирале до надлежните на ЈП „Македонија пат“ кои се упатиле на местото и го исчистиле одронот, со што сообраќајот потоа бил нормализиран.