Свет

Рускиот патријарх Кирил има КОВИД-19

Рускиот патријарх Кирил има КОВИД-19

Рускиот патријарх Кирил е заразен со Ковид-19 и сите негови закажани состаноци и патувања се откажани. Ова на својата веб-страница го објави Московската патријаршија, цитирана од ТАСС.

Прес-службата на Руската православна црква прецизира дека состојбата на патријархот е задоволителна.

Црквата ги повика верниците да се молат за него. Рускиот патријарх моментално има 75 години.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни