Четири лица загинаа, а 11 се повредени при пад на воен хеликоптер на ЕУФОР во близина на Брчко, Босна и Херцеговина. Сите настрадани се италијански државјани.
Хеликоптерот од типот „Чинук“ се урнал за време на рутинска воена операција. Според очевидци, леталото пред падот почнало неконтролирано да се врти, по што се урнало во близина на населено место.
Меѓу загинатите се двајца припадници на италијанската армија и двајца припадници на воениот Црвен крст. Повредените се во стабилна состојба.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изрази сочувство до семејствата на жртвите, додека надлежните започнаа истрага за причините за несреќата. Не се исклучува можноста за технички дефект.