Свет

Ураганот Иан однесе десетици животи во САД

Бројот на загинати од ураганот Иан во САД се искачи на 27, според официјалните податоци. Според Си-Ен-Ен, бројот на загинати во Флорида е најмалку 45.

Бројот на загинати во земјата се очекува значително да се зголеми бидејќи работниците за итна помош имаат шанса да ги пребараат областите кои се најмногу погодени од невремето.

Во многу делови на Флорида сè уште нема струја.

Откако смртоносната бура предизвика катастрофални штети на Флорида, ураганот во петокот падна на брегот на Јужна Каролина , поплавувајќи цели населби. Над 55 илјади домаќинства во државата останаа без струја.

Во меѓувреме, Иан се намали на посттропски циклон.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни