Земјотрес со јачина од 5,1 е регистриран денеска во близина на брегот на грчкиот остров Крит, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар на својата веб-страница.
Според веб-страницата на центарот, епицентарот на земјотресот бил на 147 километри југоисточно од Ираклион, кој има 137.000 жители, и 87 километри југоисточно од Иерапетра, која има 12.300 жители.
Земјотресот е регистриран во 7 часот и 4 минути по локално време на длабочина од 60 километри, се наведува и во соопштението на локацијата.
Нема извештаи за жртви или материјална штета.