Во врска со бруталната репресија на иранските безбедносни сили против антивладините демонстранти, американскиот претседател Џо Бајден ја истакна можноста за санкции против одговорните. Оваа недела американската влада ќе објави казнени мерки против оние кои користат насилство врз мирните демонстранти, најави Бајден во понеделникот во писмената изјава.
„Ќе продолжиме да бараме одговорност од иранските власти и да го поддржуваме правото на Иранците слободно да протестираат. Бајден рече дека е „многу вознемирен“ од извештаите за сè побрутална репресија врз мирните демонстранти во Иран, пренесува ДПА.
Според извештаите на локалните медиуми, безбедносните сили употребиле сила на Универзитетот Шариф во иранскиот главен град Техеран во понеделникот вечерта против студентите кои протестираа против репресивниот исламски систем.Протестите беа предизвикани од смртта на 22-годишната Махса Амини во средината на септември.