Малолетничка е тешко повредена, откако била прегазена од автомобил. МВР информира дека вчера во 13:50 часот на улица „Алексо Демниевски“ во Велес, патничко возило „Ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот К.К. од Велес, удрило во 11-годишно девојче од Велес. Девојчето се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во општата болница Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.