Балкан

Црна Гора најблиску до ЕУ, Хрватска бара решавање на отворените прашања

Црна Гора најблиску до ЕУ, Хрватска бара решавање на отворените прашања

Проширувањето останува стратешка цел на Европската Унија, а напредокот на секоја земја кандидатка ќе се оценува поединечно, според спроведените реформи и исполнетите услови. Тоа е пораката од разговорите на европските лидери во Брисел, на кои била изразена поддршка за забрзување на пристапниот процес.

Во фокусот била Црна Гора, оценета како најблиску до членство. Сепак, нејзиниот напредок е поврзан и со решавањето на отворените билатерални прашања со Хрватска.

Од хрватска страна било посочено дека Загреб го поддржува проширувањето врз основа на заслугите на секоја кандидатка, но бара Подгорица да ги продолжи разговорите за спорните прашања поврзани со поглавјата 23 и 31, кои се однесуваат на правосудството и основните права, односно на надворешната, безбедносната и одбранбената политика.

На разговорите била изразена и силна поддршка до крајот на годината да се отворат сите преговарачки кластери со Украина и Молдавија. Притоа било нагласено дека стратешката важност на проширувањето нема да значи отстапување од условите за членство.

Земјите кандидатки ќе мора да го усогласат законодавството со европското и да покажат конкретни резултати од реформите. Пораката е дека нема кратки патеки до членство за ниту една земја, вклучително и за Украина.

Во дискусијата бил разгледан и предлогот за гласање со квалифицирано мнозинство во преговарачкиот процес. Според доставениот материјал, предлогот бил земен предвид, но не е наведено дека била усвоена одлука за промена на начинот на гласање.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни