Голем број луѓе добија џекпот на лотаријата на Филипините, објави Би-Би-Си.
Ова предизвика изненадување, истрага започна и од обвинителството.
Џекпотот го освоиле 433 лица, а наградата изнесувала 4 милиони долари.
Повик за истрага стигна од опозицијата во земјава. Тие објаснуваат дека нема смисла што толку многу луѓе ги избрале точните бројки.
Победниците погодија шест од педесет и пет броеви. Одговорните за лотаријата објаснија дека не постои начин да се прилагоди извлекувањето.