Свет

Зеленски потпиша декрет: Преговорите со Путин се невозможни

Зеленски потпиша декрет: Преговорите со Путин се невозможни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша указ со кој официјално прогласува дека какви било украински преговори со неговиот руски колега Владимир Путин се „невозможни“, но оставајќи ја вратата отворена за преговори со Русија, објави Ројтерс.

Указот ги повторува коментарите што Зеленски ги даде во петокот, откако рускиот претседател објави дека четири окупирани региони на Украина стануваат дел од Русија, што Киев и Западот го нарекоа нелегитимна фарса.

„Тој (Путин) не го знае значењето на зборовите чест и достоинство. Затоа сме подготвени за дијалог со Русија, но на чело со друг руски претседател“, рече Зеленски во петокот.

Украинските сили ги пробија руските одбранбени линии на југ и ја проширија својата брза контраофанзива на исток, враќајќи ја територијата во областите припоени од Русија.

Путин, кој оваа недела наполни 70 години, доминира во рускиот политички живот повеќе од две децении и може да се кандидира за уште два мандати според уставните промени што ги спроведе. Овие промени му даваат потенцијална можност да остане на власт до 2036 година, според Ројтерс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни