Од СДСМ соопштуваат дека Владата и Министерството за земјоделие продолжуваат да се грижат за земјоделците, а за тоа најдобар пример се исплатените субвенции на лозарите.
„Пред почетокот на новата прозиводствена сезона, исплатени се субвенции за лозови насади од околу 9 милиони евра на над 15.000 лозари. Тоа се средства што се враќаат директно кон лозарите за подготвени да ја дочекаат производствената сезона и да вложат во производство на квалитетно грозје.
Покрај субвенциите, според најавите од Министерството, на почетокот на следниот месец ќе започне исплатата на долгот на приватните винарници кон лозарите, за предаденото а неплатено грозје во периодот од 2014 до 2016. Со тоа, дополнителни 1.5 милиони евра ќе се вратат кај лозарите од Тиквешкиот регион“, велат од партијата.