Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

Вработен во Пошти своеволно уништувал архивски материјал – МВР поднесе кривична пријава

Вработен во Пошти своеволно уништувал архивски материјал – МВР поднесе кривична пријава

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против скопјанецот К.Л.(59), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или прикривање на необработен архивски материјал”.

Пријавениот, управник на експозитура во АД „Пошта на Северна Македонија”, во текот на 2021 година самоволно придонел за уништување на документиран службен материјал за 2018 година без да има дозвола и одобрение добиени од Државниот архив на Република Северна Македонија за уништување на предметниот службен материјал, соопшти МВР.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни