Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, по денешното судско рочиште за предметот „Талир“ на СЈО, изјави дека се работи за политички прогон врз неговата партија.
„Јасно и недвосмислено се покажува фактот дека целиот овој политички процес е всушност политички прогон кон најголемата политичка партија во Македонија“, изјави Јанушев.