Свет

Украина му одговори на Илон Маск, кој повеќе не сака да плаќа за интернетот

Украина му одговори на Илон Маск, кој повеќе не сака да плаќа за интернетот

Украина денеска му одговори на Илон Маск, најбогатиот човек во светот и основач на Tesla и SpaceX, кој објави дека неговата компанија повеќе не може да плаќа за важните услуги на Starlink, односно сателитски интернет, но очекува Пентагон да ги преземе трошоците.

„Да бидеме искрени. Сакале или не, Илон Маск ни помогна да ги преживееме критичните моменти од војната. Бизнисот има право на свои стратегии. Украина ќе најде решение Starlink да продолжи да работи. Очекуваме компанијата да продолжи да обезбедува стабилна врска до крајот на преговорите“, објави на Твитер Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни