Поправката на мостот на Крим, кој беше оштетен во експлозија минатата сабота, треба да завршат до јули 2023 година, се наведува во документот објавен на веб-страницата на руската влада.
Во него се наведува и дека е избрана компанија која ќе врши поправки на мостот што ги поврзува Русија и Крим, полуостров што Русија го анектираше во 2014 година.
Кримскиот мост, кој за Русија има не само стратешка, туку и симболична вредност, минатата сабота беше погоден од експлозија за која Москва тврди дека била предизвикана од камион-бомба. Русите тврдат дека во експлозијата загинале три лица и ја обвинија Украина за нападот, наведувајќи дека станува збор за „терористички чин“.