Свет

Шведската крајбрежна стража го прелета Северниот тек: Нема повеќе истекување на гас

Повеќе не може да се види како истекува гас од гасоводот „Северен тек“, соопшти денеска шведската крајбрежна стража откако прелета над тие води за да ја процени ситуацијата.

Истекувањето на гас во ексклузивната економска зона на Шведска повеќе не е видливо, објави шведската крајбрежна стража, по набљудувањето на областа во четвртокот и петокот.

Официјални лица во средата изјавија дека сè уште може да се видат меурчиња од гас кои излегуваат од гасоводот Северен тек 2, создавајќи бранови во водата со дијаметар од околу 10 метри.

Експлозии на четири места

На крајот на септември, цевководи беа оштетени во експлозии на четири места, две во шведските води и две во данските води.

Се верува дека станува збор за саботажа и е отворена истрага. Инцидентот се случи во време на високи тензии меѓу Европската унија и Русија поради војната во Украина.

Данските власти претходно овој месец објавија дека не веруваат дека гасот сè уште тече од делови од гасоводот во нивната ексклузивна економска зона.

Русија ги отфрла обвинувањата дека е одговорна за оштетувањето на гасоводот и сака да биде вклучена во истрагата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни