Македонија

„Јас сум со Зијадин Села“, вели Касами – до 3-ти март ќе се знаат имињата за консензуален претседател

На премиерот му треба уште една седмица за да одлучи кој ќе биде консензуален кандидат за претседател. Тој е оптимист дека пред конгресот на СДСМ што ќе се одржи на 3 март, ќе може да ги заврши преговорите со политичките партии за избор на вистинскиот кандидат кој ќе биде прифатлив за сите граѓани.

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами, по средбата со Премиерот, рече дека неговите ставови се поблиску до ставовите на Села отколку со предложените идеи од парламентарното мнозинство.

„Се уште немаме став. Ако ме прашувате мене дали сум со Села, да, сум. Ние како опозициска албанска партија поблиску сме со Села“, изјави Биљал Касами – лидер на движењето Беса.

Тој рече дека неговата партија ќе поддржи кандидат кој ќе придонесе за подобрување на меѓуетничките односи.

„Ние како Движење Беса, ќе поддржиме кандидат кој ќе стои зад договорот реализиран со Владата, сите прашања кои се однесуваат на меѓуетничките односи, идниот претседател треба да има позитивен пристап и да придонесе за релаксирање на меѓуетничките односи“, изјави Биљал Касами – лидер на движењето Беса.

Заев вчера требаше да се сретне и со лидерот на Алијанса за Албанците, но Села ја откажал средбата во знак на револт поради одземањето на надлежностите за образование на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни