Македонија

Дескоска: Сѐ уште немаме добиено никаков одговор од Унгарија за екстрадиција на Груевски

Министерката за правда, Рената Дескоска во вечерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, рече дека сѐ уште немаат добиено никаков одговор на нивното барање за екстрадиција на екс премиерот Никола Груевски.

„Немаме никаков одговор добиено, јас вчера ја слушнав изјавата на обвинителката дека исто ќе бараат од нас да бараме екстрадиција и за ново обвинетите во случајот „27 април“, кој го вклучува и поранешниот премиер. Така да штом ние добиеме официјално од Обвинителството документи ние ќе го дополниме берањето за екстрадиција и во Грција и во Унгарија за овие нови дела“, изјави Рената Дескоска во вечерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Министерството за правда, екстрадиција за Груевски побара уште за првиот случај каде веќе има пресуда за две годишна затворска казна за набавка на возилото Мерцедес.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни