Македонија

Сончево и релативно топло – температурите до 24 степени

Сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје сончево и релативно топло, во делови од котлината со слаба утринска магла.Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 20 степена.

До среда утрата ќе бидат студени, наместа температурата ќе се спушта под нулата и по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот ќе се одржува сончево и релативно топло. Во четврток ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието што ќе предизвика во следните два дена опаѓање на температурата за неколку степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни