Свет

Данците ги објавија резултатите од истрагата за истекувањето на гасот „Северен тек“

Прелиминарната истрага за оштетувањето на двата гасоводи „Северен тек“ во данскиот дел на Балтичкото Море покажува дека „жестоките експлозии“ го предизвикале истекувањето, објави денешното соопштение на полицијата во Копенхаген.

Понатамошната истрага за пукањето на гасоводот Северен тек 1 и 2 на 26 септември во ексклузивната економска зона на Данска ќе биде спроведена заеднички од полицијата во Копенхаген и Данската служба за безбедност и разузнавање.

Сè уште е рано да се зборува за рамката во која ќе се одвива меѓународната соработка со, на пример, Шведска и Германија, бидејќи тоа зависи од неколку актери“, велат од полицијата во Копенхаген.

На четири места оштетени гасоводи

На крајот на септември, цевководи беа оштетени во експлозии на четири места, две во шведските води и две во данските води. Се верува дека станува збор за саботажа и е отворена истрага.

Инцидентот се случи во време на високи тензии меѓу Европската унија и Русија поради војната во Украина. Данските власти претходно овој месец објавија дека гас повеќе не тече од делови од гасоводот во нивната економска зона. Русија ги отфрла обвинувањата дека е одговорна за оштетувањето на гасоводот и сака да биде вклучена во истрагата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни