Свет

Прекин на струја по руските напади во три града, вклучувајќи го и Киев

Делови од најмалку три украински града, вклучително и главниот град Киев, се соочуваат со наизменичен прекин на електричната енергија по денешните руски ракетни напади, соопштија украинските власти.

Локалната енергетска компанија во Киев, ДТЕК, на Фејсбук објави дека во станбен кварт во Киев повремени прекини на струја, како и прекини во снабдувањето со вода.

„Руски напади утринава оштетија критична инфраструктурна постројка во областа Деснијанск, што предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија во станбениот кварт Тројешчина и тешкотии во снабдувањето со вода во тој дел од градот“, соопшти компанијата.

Прекини во снабдувањето со електрична енергија во Днепар и Житомир

Забележани се прекини на електрична енергија во најмалку три дела од регионот Днепропетровск, вклучително и делови од градот Днепро, а една водоводна централа остана без струја откако Русија истрела ракета врз електрана за која локалните власти соопштија дека претрпела „тешка штета“.

Градоначалникот на Житомир, град со околу 250.000 жители, претходно изјави дека има прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода, при што болниците се префрлени на напојување од помошни генератори.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни