Пентагон во вторникот соопшти дека засега нема информации за да ги потврди извештаите дека Иран и ветил на Русија ракети земја-земја , заедно со повеќе беспилотни летала, пренесува Ројтерс.
„Немам никакви информации за да го потврдам тоа во овој момент“, рече портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Патрик Рајдер на прес-конференција.
Ројтерс објави дека договорот бил договорен на 6 октомври , кога првиот потпретседател на Иран Мохамад Мохбар, двајца високи функционери од моќната иранска Револуционерна гарда и официјален претставник на Врховниот совет за национална безбедност ја посетиле Москва на разговори со Русија за снабдувањето со оружје .