Американски борбени авиони пресретнале два руски бомбардери во близина на американската држава Алјаска, соопштија американските власти, цитирани од ДПА.
Два борбени авиони Ф-16 на американските воздухопловни сили пресретнаа два руски бомбардери Ту-95 кои на 17 октомври влегоа во зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска, соопштија официјални лица.
Северноамериканската воздушна команда (НОРАД) во понеделникот соопшти дека „открила, следела, идентификувала и пресретнала два руски бомбардери Ту-95 Беар-Х (класифицирана од НАТО) кои влегле во зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска.
НОРАД истакна дека тоа не го гледа како закана ниту како провокација, а исто така рутински го следи движењето на странските авиони и ги придружува надвор од зоната за идентификација на противвоздушната одбрана доколку е потребно.