Македонија

„Екипа од антитероризам ги проверува автобусите и постепено се вклучувата на линија“, велат од ЈСП по дојавата за бомба

Јавното сообраќајно претпријатие информира дека од утринава, по налог на МВР, сите возила на ЈСП Скопје се повлечени од сообраќај поради анонимна дојава за поставена рачна бомба во едно од возилата.

Екипите за антитероризам се на терен и постепено возилата се вклучуваат на линија по претходна соодветна безбедносна проверка.

Лицето, вработено во ЈСП, а кое ја испратило заканата е приведено од страна на МВР.

ФОТО: Скопје остана без јавен превоз, ама не поради штрајк на вработените кои немаат земено плата, туку лажна дојава за бомба

„ЈСП нема да дозволи било какви уцени, закани, притисоци и обиди за саботажи да го нарушат работниот процес на претпријатието и ќе продолжи да работи во на интерес на граѓаните. Безбедноста и сигурноста на вработените во ЈСП и скопјани секогаш е приоритет на претпријатието“, велат од ЈСП.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни