Свет

Ердоган: Турција очекува 50 милиони туристи до крајот на годината

Ердоган: Турција очекува 50 милиони туристи до крајот на годината

Бројот на странски туристи кои годинава ќе ја посетат Турција би можел да достигне 50 милиони, што е многу повеќе од планираното. Ова го изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред парламентот, јави турската државна телевизија ТРТ-Хабер.

Туризмот е една од стратешките области на турската економија. Се очекува до крајот на годината бројот на туристи кои ја посетиле нашата земја да достигне 50 милиони, а приходот од туризмот да достигне 40 милијарди долари, рече Ердоган.

Турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој неодамна најави дека годинава Турција се очекува да ја посетат 47 милиони туристи, додека на почетокот на годината се проценуваше дека во земјата ќе пристигнат 42 милиони туристи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни