Македонија

Земјотрес од 2,7 степени со епицентар кај Скопје вечерва: „Беше краток ама јак“

Земјотрес од 2,7 степени со епицентар кај Скопје вечерва: „Беше краток ама јак“

Земјотрес со епицентар во Скопје. Вечерва нешто по 11 часот регистриран е земјотрес во Скопје.

Според првичните информации, земјотресот е со јачина од 2,7 степени по рихтер.

Епицентарот е во близина на Петровец на длабочина од само 5 километри, токму поради тоа со појак интензитет го почуствуваа скопјани.

„Кратко беше, но бучеше“, ни рече една наша читателка. „Бучеше и малку тресеше, се исплашивме“, вели друга на социјалните мрежи.

„Беше краток ама јак“, пишуваат читатели до нашата редакција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни