Македонија

Вработениот во ЈСП кој пријави бомба заврши во притвор, се терети за тероризам

Вработениот во ЈСП кој пријави бомба заврши во притвор, се терети за тероризам

Јусоф Ирфан, вработениот во ЈСП кој испрати мејл со лажна дојава дека е поставена бомба во кругот на претпријатието, доби притвор од Кривичниот суд, по барање на Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, дознава „А1он“. Според информации на „А1он“, вработениот е осомничен за тешко кривично дело тероризам, поради пратениот е-мејл.

„Јас сум вработен во ЈСП, не можам да си го поднесам животот, поставив бомба, ќе загинат многу луѓе”, ова е пораката која утрово го блокираше целиот јавен превоз

Засега нема информации поради кои причини е побарана оваа мерка, односно дали е поради опасност од бегство, повторување на делото или влијание на сведоци. Ирфан, ќе остане 48 часа во притвор, кој ќе го издржува во затворот „Скопје“ во Шутка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни