Бојан Јовановски познат како Боки-13, бил нападнат од три лица во затворот Идризово, потврдија од МВР за МИА.
Јовановски во 20 часот вчера бил пренесен во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ со повреди.
Настанот се случил нешто пред 16 часот во просториите на затворот.
Од МВР најавуваат дека работат на расчистување на случајот, и потоа ќе биде поднесен соодветен поднесок.