Свет

Зеленски: Русија намерно одложува 150 бродови со жито

Зеленски: Русија намерно одложува 150 бродови со жито

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека намерно го одложува минувањето на бродовите што превезуваат жито за извоз според договорот постигнат со посредство на ОН и рече дека 150 бродови чекаат да бидат натоварени. Од јули, кога ОН го потпишаа договорот со Русија, Украина и Турција, Киев извезол речиси 11 милиони тони жито и друга храна.

Зеленски во видео-обраќање изјави дека доцнењето значи дека извозот на жито од Украина е намален за 3 милиони тони, што, според него, е доволно за да се прехранат 10 милиони луѓе.

Договорот истекува во ноември, но разговорите за продолжување не постигнуваат голем напредок бидејќи загриженоста на Русија не се зема соодветно предвид, изјави во четвртокот рускиот амбасадор во Обединетите нации во Женева.

Во своето видео обраќање, Зеленски изјави дека „непријателот прави се што е можно за да го забави нашиот извоз на храна…до денес, повеќе од 150 бродови чекаат на ред за да ги исполнат своите договорни обврски за испорака на нашите земјоделски производи“.

„Ова е вештачко одложување. Тоа се случи само затоа што Русија намерно го одложува минувањето на бродовите“, додаде тој, но не даде детали.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни