Свет

НЕОЧЕКУВАНИ ГОСТИ КАЈ ТРАМП: Момче во советска униформа и девојче во руска носија ја изненадија Белата куќа

НЕОЧЕКУВАНИ ГОСТИ КАЈ ТРАМП: Момче во советска униформа и девојче во руска носија ја изненадија Белата куќа

Необична сцена на прославата на Ноќта на вештерките во Белата куќа привлече големо внимание. Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп пречекаа две деца облечени во руски традиционални и советски воени костими, што предизвика реакции во јавноста.

На традиционалниот настан за делење слатки, одржан на 29 октомври, момче се појавило во униформа налик на советска воена облека, со капа на која имало срп и чекан, додека девојчето што го придружувало носело руска народна носија.

Посебно внимание привлече моментот кога Меланија Трамп со насмевка му ја намести капата на момчето, по што претседателскиот пар им подели слатки на двете деца.

Снимката предизвика реакции поради симболиката на советската униформа во време кога продолжува војната во Украина. Идентитетот на децата и причините за изборот на костимите не се познати.

Прославата во Белата куќа традиционално собира деца и семејства на воени лица, полицајци и државни службеници, кои имаат можност лично да ги поздрават американскиот претседател и првата дама.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни