Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска направи прикриена споредба меѓу советските трупи кои ја нападнаа Унгарија за време на револуцијата во 1956 година и денешните институции на Европската унија, објави Асошиетед прес.
На денот кога Унгарија ја одбележа 66-годишнината од задушувањето на востанието, Орбан навести дека ЕУ, која се обидува да го запре повлекувањето на Унгарија од демократијата, ќе заврши како Советскиот Сојуз, кој се распадна пред повеќе од три децении.
„Да не им обрнуваме внимание на оние кои пукаат во Унгарија од сенка или од бриселските караули. Тие ќе завршат исто како и нивните претходници“, им рече Орбан на избраните гости на настанот во западниот унгарски град Залаегершег. традицијата на говори за годишнината да биде во Будимпешта, пренесува БТА.
Неговото отсуство од главниот град на еден од најважните национални празници во Унгарија доаѓа додека владата се соочува со зголемен притисок од постојаниот бран протести на унгарските наставници и студенти. Наставниците бараат повисоки плати и подобри услови за работа. Нивниот следен протест беше планиран за денеска во Будимпешта.
Орбан, кој своето владеење го опишува како „нелиберална демократија“, исто така се соочува со закана од кратење на европското финансирање поради состојбата на демократијата и наводната корупција. Во обид да заштеди дел од средствата од европските фондови, унгарскиот парламент неодамна усвои нова антикорупциска легислатива. Сепак, сè уште постои ризик земјата да загуби милијарди евра средства како казна за кршење на демократските стандарди – нешто што неодамна доведе до девалвација на националната валута и економски проблеми.
„Тука бевме кога не нападна првата освојувачка империја и ќе бидеме тука кога последната ќе се распадне“, рече Орбан денеска, додавајќи: „Ќе го поднесеме она што треба и ќе возвратиме со она што можеме. Кога ќе треба , ги влечеме мечевите и се спротивставуваме, кога се наѕираат долги години на угнетување“. Победници сме и кога сме поразени“, го заврши својот говор Орбан.