Поранешниот британски премиер Борис Џонсон во неделата се повлече од трката за лидерската функција во Конзервативната партија , а соодветно и за премиерската функција.
„Постојат прилично добри шанси да имам добра трка на изборите на Конзервативната партија – и всушност би можел да се вратам во Даунинг стрит во петок. „Во текот на изминатите неколку дена, за жал, дојдов до заклучок дека ова едноставно нема да биде вистинскиот курс на дејствување“, рече Џонсон.
Неговиот мотив е што не може ефективно да владее ако зад себе нема обединета партија во парламентот.
Денеска до 14 часот по британско време треба да бидат јасни кандидатите за премиер на Велика Британија. За таа цел тие мора да добијат поддршка од најмалку 100 пратеници од владејачката Конзервативна партија.
Има два официјални претенденти – поранешниот министер за финансии Риши Сунак и лидерот на Долниот дом Пени Мордонт .