Свет

Во Истанбул се урна зграда на приватен универзитет

Во Истанбул се урна зграда на приватен универзитет

Се урна трикатна зграда на територијата на приватен универзитет во квартот Кучукчекмеџе во Истанбул, јавија турската државна телевизија ТРТ-Хабер и Anadolu Agency.

До несреќата дошло по уривање на потпорен ѕид на станбена зграда во изградба, која се наоѓала веднаш до објектот. Причинета е сериозна материјална штета и на универзитетот, наведува ТРТ-Хабер.

Нема информации за повредени, бидејќи 3-катницата на теренот на Универзитетот Арел беше празна (претходно беше евакуирана).

Од безбедносни причини евакуирани се 71 студент од универзитетски дом, како и жители на 128 станови во шест станбени блокови во околината, информира Anadolu Agency.

На местото на несреќата пристигнаа екипи на противпожарната служба, полицијата и Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Екипите на АФАД во моментов утврдуваат дали се оштетени и други објекти во областа.

За случајот е започната истрага.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни