Свет

Зеленски: Само Русија е способна да користи нуклеарно оружје во Европа

Зеленски: Само Русија е способна да користи нуклеарно оружје во Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во неделата дека само Русија е способна да користи нуклеарно оружје во Европа, пренесе Ројтерс.

Зеленски го даде овој коментар како одговор на зборовите на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој во телефонски разговори со западните воени министри сугерираше дека Украина се подготвува да употреби „валкана бомба“ – конвенционална експлозивна направа контаминирана со нуклеарни материјали – во конфликтот.

„Ако некој може да користи нуклеарно оружје во овој дел од Европа – тоа може да биде само еден извор, а тој извор е оној кој му наредил на другарот Шојгу да остварува телефонски повици овде и таму“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање.

Зеленски рече дека „телефонската рингишпил“ на Шојгу ги разјаснила работите: „(…) Сите многу добро разбираат. Тие разбираат кој е изворот на сите валкани работи што човек може да ги замисли во оваа војна“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни