Свет

Првиот Хинду застанува на чело на Британија – Сунак е најмладиот премиер во последните 200 години

Првиот Хинду застанува на чело на Британија – Сунак е најмладиот премиер во последните 200 години
РИШИ СУНАК ќе биде новиот британски премиер откако неговата противкандидатка Пени Мордоунт ја повлече својата кандидатура. Сунак е третиот британски премиер за помалку од два месеци, по оставките на Трус и Џонсон. Тој ќе биде првиот британски лидер кој не е бел. Сунак стана фаворит за нов премиер откако вчера Борис Џонсон поднесе оставка. Тој рече дека се надева оти Џонсон ќе продолжи да придонесува во јавниот живот „дома и во странство“. Стана министер за финансии во владата на Џонсон Риши Сунак ќе стане првиот Хинду на чело на Британија, а на 42-годишна возраст ќе биде и најмладиот премиер во последните 200 години. Тој првпат го привлече вниманието кон себе во земјата кога стана министер за финансии на Џонсон на 39-годишна возраст, токму кога пандемијата „Ковид-19“ пристигна во Британија. Сунак го пофали Џонсон, велејќи дека „секогаш ќе биде благодарен“ за неговите постапки за време на пандемијата на Ковид и војната во Украина.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни