Шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, од денес започнува нова тура низ земјите од Западен Балкан во контекст на војна во Украина и енергетската криза.
Целта на оваа посета е да му се пренесе регионот дека тој е важен за Европската Унија.
Прво доаѓа во Скопје, а потоа ќе патува за Приштина и Тирана.
На нејзината агенда исто така се Сараево, Белград и Подгорица.
Како што и самата најави минатата недела од Стразбур еден дел од помошта во областа на енергетската криза ќе биде вклучувањето на земјите од Западен Балкан за заедничко купување на енергенси со земјите од ЕУ.
Оваа платформа има за цел да ја зајакне соработката меѓу земјите и да ја намали конкурентноста помеѓу државите на енергетскиот пазар. Во однос на барањето на Северна Македонија да добие помош од Европската Унија за набавка на струја од Бугарија преку компензација на пазарната цена, Ерик Мамер изјави дека нема информации на оваа тема во овој момент.