Свет

Земјотрес во јужниот дел на Атлантикот

Земјотрес во јужниот дел на Атлантикот

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во оддалечена област во јужниот дел на Атлантскиот Океан, јави Ројтерс, повикувајќи се на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Силниот земјотрес се случи на длабочина од 93 километри под океанското дно, со епицентар во близина на Јужните Сендвич Острови, ненаселена британска прекуморска територија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни