Грција бележи голем пораст на интересот на туристите од другите земји, објави Катимерини.
Земјата ужива во многу добра сезона, но сепак статистиката не ги достигнува оние од пред три години.
Статистиката е прикажана од јануари до август, во кој период земјата ја посетиле над деветнаесет милиони посетители.
Голем е интересот за Атина и за островите во Егејското Море. Тоа значи раст од повеќе од два пати во однос на минатата година.
Само во август во Грција имало речиси шест милиони туристи. Туризмот сочинува четвртина од бруто домашниот производ на земјата.
Се подготвува план за пренасочување на туристите од пренаселените острови на оние кои штотуку добиваат популарност.