Свет

Трас во последното обраќање како премиерка рече дека Британија ја чекаат подобри денови

Трас во последното обраќање како премиерка рече дека Британија ја чекаат подобри денови

Сега веќе поранешната британска премиерка Лиз Трас денеска во своето последно обраќање на функцијата пред седиштето во Даунинг стрит изјави дека Британија ја чекаат подобри денови.

– Британија ја продолжува тешката битка, но јас верувам во оваа земја и британскиот народ и знам дека доаѓаат подобри денови, изјави Трас.

Таа на својот наследник Риши Сунак му посака успех на премиерската функција, наведувајќи дека сè уште верува во висок економски раст и во политиката на намалување на даноците.

Трас потоа отиде да се сретне со британскиот крал Чарлс Трети и формално поднесе оставка.

Трас ја вршеше функцијата најкратко од сите британски премиери – само шест недели.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни